Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американскиот тенисер Френсис Тиафо даде интересна изјаваза медиумите по добриот старт на турнирот во Вашингтон, каде што славеше против Кристоф Јубенкс со 2-0 во сетови и избори осминафинале.
Тиафо даде искрена изјава која го „стресе“ тенискиот свет поради неговата искреност.
„Нашиот проблем не се нашата националност, ниту земјата од која доаѓаме, туку се Федерер, Ѓоковиќ и Надал. Тие се главна пречка за останатите тенисери“, кажа Американецот.
Тоа го покажува и податокот дека Енди Мареј, Ѓоковиќ, Надал и Федерер освоија 66 гренслем-титули од 2003 година.
Последен тенисер од САД кој освои гренслем-турнир беше Енди Родик, кога во 2003 година триумфираше на Ју-Ес опен.