Нема крај на драмата: Роналдо не се откажа од трансфер, Мендеш веќе почнал преговори!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не се откажува од намерата да го напушти Манчестер јунајтед, а неговиот менаџер Жорж Мендеш веќе го предложи на неколку тимови, но доби „корпа“.

Новинарите на „Тутоспорт“ објавија дека во моментов се водат преговори меѓу Мендеш и Спортинг Лисабон, кој може да ги задоволи финансиските потреби, но и ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа е најважно за Роналдо.

Роналдо има договор со Манчстер јунајтед до 2023 година, па „ѓаволите“ сигурно ќе бараат одредена сума за отштета, а само тоа може да биде проблем за Спортинг.

Португалецот неколку пати кажа дека не е задоволен и сака да си замине од клубот бидејќи Јунајтед не игра во ЛШ сезонава.