Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ужасни вести ни доаѓаат од Германија, каде што повремениот репрезентативец и лев бек на Борусија Дортмунд, Нико Шулц е обвинет дека ја претепал својата девојка во деветти месец од бременоста.
Шулц ја шутнал девојка му во стомакот, а потоа ја турнал и продолжил да ја удира, па поради тоа против него се води постапка.
Во предметот против Шулц се наоѓаат и неговите пораки од поранешната девојка по нападот кој се случил во март 2020 година.
Неговата избраничка му испратила неколку фотографии од повредите, а тој ѝ одговорил со селфи на кое бил тажен, по што напишал порака дека му е жал.
Сепак, тоа нема да го спаси од истрага и најверојатно тужба која може да му ја уништи кариерата.