Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот кшаркар на Бруклин нетс, Кевин Дурант поставил ултиматум до раководството на екипата затоа што не е задоволен од главниот тренер.
Дурант наводно имал состанок со газдата на екипата и му соопштил дека ќе остане во тимот само ако главниот тренер Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс добијат откази.
Ако управата не ги исполни неговите желби, тогаш Дурант ќе го напушти тимот, а фаворити за неговиот потпис се Бостон, Торонто и Мајами.
На Дурант ова ќе му биде 15. сезона во НБА-лигата, а во просек постигнува по 29,9 поени, 7,4 скокови и 6,4 асистенции.