Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди по пет години го напушти Леванте и се пресели во турскиот првак Трабзонспор со кој потпиша тригодишен договор.
Барди вчера ги помина медицинските прегледи, по што стави потпис на соработка според која ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона, а денеска Трабзонспор го промовираше преку социјалните мрежи.
Турскиот гигант објави специјално видео на нивниот профил на Твитер, а може да се забележи дека Барди го избрал бројот 29 со кој ќе игра во следната сезона и ќе се обиде да му помогне на тимот да обезбеди место во групната фаза на Лига на шампиони (ЛШ), но и да ја одбрани титулата во Турција.
Yeni yuvana hoş geldin Enis Bardhi. ♥️💙 pic.twitter.com/YyvhCrQM4u
— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 12, 2022