Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Билд“ вчера објави дека најнова опција на Кристијано Роналдо е Борусија Дортмунд, која ќе игра во Лигата на шампиони и може да си ја исполни желбата и следната сезона да биде дел од елитата, а дополнително „прашина“ крена и извршниот директор на тимот Ханс-Јоаким Вацке.
Вацке призна дека би сакал Роналдо да заигра во Дортмунд, иако досега немало контакт со фудбалерот, но и со неговиот менаџер Жорж Мендеш.
„Ми се допаѓа стилот на игра на Роналдо. Тој постигна многу успеси во кариерата. Би било одлично да го видам во Борусија, иако засега немаме контакт со него“, кажа Вацке.
Роналдо претходно се поврзуваше со многу други гиганти, како Челси, Реал Мадрид, Баерн Минхен и други, но сите ја отфрлија идејата да го ангажираат.