Падна договор: Јунајтед ќе плати 60 милиони евра, Касемиро доаѓа на прегледи во Манчестер!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Касемиро ќе биде ново засилување на Манчестер јунајтед, кој се договори да плати 60 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси на Реал Мадрид.

„Кралевите“ не го убедуваа Касемиро да остане, туку ја прифатија неговата желба за нов предизвик, па Бразилецот ќе замине на медицински прегледи во Манчестер.

Касемиро утре доаѓа во Манчестер, каде што треба да ги помине медицинските прегледи и викеднов ќе биде промовиран во новиот тим.

Фудбалерот за врска пристигна во Реал Мадрид во 2013 година, а од тогаш стана важен дел во освојувањето на неколку европски титули, но и неколку домашни трофеи.