Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Тотенхем славеа против Вулверхемптон со 1-0 во третото коло од англиската Премиерлига, а голот за победа го постигна Хари Кејн.
Во 64. минута капитенот на Англија на асистенција на Иван Перишиќ го постигна единствениот гол на мечот, па така испиша историја во Премиерлигата.
Ова за Кејн беше 185. гол за Тотенхем и така го престигна поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро на првото место по број на постигнати голови за тим во Премиерлигата.
По три меча екипата на Антонио Конте има седум бодови, додека Вулверхемптон остана само на еден бод.