Барди тргна со два гола во Турција, но Трабзонспор загуби! (Видео)

Македонскиот фудбалер Енис Барди одигра одличен натпревар за Трабзонспор во првиот настап во турската Суперлига, но неговиот тим загуби со 2-5 од Анталијаспор.

Анталијаспор постигна два гола преку Фернандо и Рајт за предност од 2-0, по што Барди со два гола донесе израмнување за Трабзон.

По вториот гол на Барди почна распадот на турскиот првак, кој прими дури три гола до крајот, и тоа два преку Бајракдар и еден преку Рајт (5-2).

Македонскиот репрезентативец летово за три милиони евра се пресели во Трабзон и дефинитивно ќе биде големо засилување, а тоа го покажа на денешниот меч.