Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот суперлигаш Алкалоид го претстави тимот и амбициите за следната сезона во македонската ракометна лига на денешната прес-конференција.
Тренер на екипата е македонскиот селектор Кире Лазаров, а од амбициозниот проект се очекуваат многу добри резултати.
„Имаме млад тим, кои имаат искуство во Суперлигата. Пријатно сум изненаден од тоа што го покажавме на Струшкиот турнир. Игравме против силни противници и така брзо растеме. Целта е да стигнеме до плејофот и мислам дека имаме квалитет. Оваа сезона ќе имаме најквалитетна Суперлига во последните 15 години“, кажа Лазаров.
Лазаров, исто така, кажа дека размислува само за македонски ракометари, а за странски засилувања ќе размислат во иднина.