Перез кажа дека Халанд би бил резерва во Реал, а овој едвај дочека да му одговори!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кажа дека Ерлинг Халанд би бил резерва во Реал Мадрид, па затоа и не тргнале со сите сили по неговиот потпис, иако постоеше желба за такво нешто.

Овие зборови ептен го погодиле Халанд, кој едвај дочека да му одговори на Перез по провокативната изјава.

„Сакам да се насмеам на моја сметка и тоа сите го правиме понекогаш, но не размислувам премногу за приказни кои не се во моја близина затоа што тоа ќе ме дефокусира од мојата задача во Манчестер“, кажа Халанд.

Сити летово го купи Халанд за 60 милиони евра, иако до Дортмунд пристигнаа многу понуди за Норвежанецот.