Касемиро: Нема да играм ЛШ со Јунајтед? Па веќе имам пет титули…


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Касемиро си замина од Реал Мадрид и се пресели во Манчестер јунајтед за 70 милиони евра.

Касемиро потпиша за премиерлигашот, иако не игра во Лигата на шампиони (ЛШ), па новинарите ги интересираше дали тоа му е проблем.

Сепак, Бразилецот знаеше како да ги замолчи и испрати кратко и јасен одговор.

„Па веќе имам пет трофеи во Лигата на шампиони“, кажа Касемиро.