Ашковски се сели во Грција!?

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски ќе се пресели во Грција, каде што ќе го облече дресот на прволигашот Ламија.

Грчките медиуми објавија дека Ашковски ќе потпише двегодишен договор со Ламија и се очекува да остане во грчкиот тим до 2024 година.

Ашковски доаѓа во Лампија од Сепси и ова е уште еден интернационален предизвик за него, откако претходно играше за Партизан, Фортуна, Славија Софија и други тимови.

Македонскиот фудбалер минатата сезона настапи на 41 меч за Сепси и притоа постигна два гола и две асистенции.