Поранешно „чудо од дете“ на Барселона се пресели во Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од учениците на популарната академија „Ла Масија“, Икер Браво ќе ја помине оваа сезона во Реал Мадрид, откако го напушти Баер Леверкузен.

Браво не успеа да се договори со Барселона за нов договор во 2021 година, по што си замина во Германија, но сега се враќа во Шпанија, и тоа во големиот ривал на Каталонците.

Шпанскиот репрезентативец до 19 години ќе ги помине следните 12 месеци на позајмица во клубот од Мадрид, соопшти германскиот гигант.

„Од најдобриот талент во Ла Масија до Мадрид за само 12 месеци. Интересно ќе биде да видиме колку далеку ќе стигне во Шпанија“, вели новинарот Том Мејстон.