Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холандскиот гигант Ајакс летово продаде неколку врвни фудбалери за многу пари, а последен од нив беше Антони кој потпиша за Манчестер јунајтед за сума од 95 милиони евра плус пет милиони во бонуси.
Ајакс тргна по негова замена и изборот падна на Окампос од Севиља, а Аргентинецот доби информација дека трансферот е договорен и за 20 милиони евра ќе се пресели во Амстердам, но потоа го пречека непријатно изненадување.
Директорите на Ајакс се премислиле и сметаат дека 20 милиони евра се премногу за трансфер на Окампос, кој беше вратен назад во Андалузија и доби извинување од Амстердам.
Ајакс мора да пронајде ново решение во нападот затоа што загуби еден од најважните фудбалери.