Винисиус кажа колку гола планира да даде сезонава за Реал Мадрид


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Винисиус Жуниор имаше одлична сезона и ги освои Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал Мадрид, а за екипата постигна 22 гола во 52 меча и притоа запиша 20 асистенции.

Бразилецот заврши како втор најдобар стрелец на тимот минатата сезона, зад неверојатниот Карим Бензема.

„Марка“ во разговор со Винисиус дозна дека Бразилецот сака да постигне повеќе од 30 гола оваа сезона, а веќе има добар старт на сезоната во која постигна два гола и две асистенции на ечтири меча.

Бразилскиот репрезентативец претходно доби награда од УЕФА за најдобар млад играч на годината и се очекуваат многу успеси од него во годините кои ни следат.