Гатузо е ептен строг: Така го загубив финалето во ЛШ, па во живо ја видов Пресвета Богородица!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Валенсија синоќа триумфираа на домашен терен нпротив Хетафе со убедливи 5-1 во меч од четвртото коло во шпанската Ла Лига.

Валенсија освои нови три бода, а фудбалерите воодушевија со одлична игра. Мечот беше решен уште во прво полувреме поради водството од 3-0, но тренерот Џенаро Гатузо не смета така.

Гатузо не им дозволил на фудбалерите да се опуштат, па затоа неговите избраници погодија уште двапати во продолжение од средбата.

„Малку сум лут. Примивме гол и пропуштивме други шанси. Ништо не беше готово по 3-0. Изгубив финале во Лига на шампиони кога мој тим водеше со 3-0 и тогаш во живо ја видов Пресвета Богородица“, кажа Гатузо.