Азар се жали кај соиграч од Анчелоти! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар имаше шанса да замине летово од Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти не му дозволи да замине и кажа дека му е потребен во тимот.

Азар долго време се загреваше за да влезе во игра против Бетис, но кога забележа дека тоа нема да се случи, си замина на клупата.

Анчелоти очигледно не планира да го користи Азар колку што очекуваше белгискиот фудбалер, па поради тоа се налути и му се пожали на неговиот соиграч Лукас Васкез.

„Секогаш ги прави истите измени“, кажа Азар.

Италијанскиот стратег по мечот се обиде да ја оправда својата одлука и кажа дека немал потреба да го искористи Азар на натпреварот.