Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот гигант Динамо Загреб славеше со 1-0 против Челси во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а одличен меч одиграа македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Адеми ја доби и наградата за играч на натпреварот, па така стана прв Македонец на кој му успеало такво нешто.
„Ние сме силен тим и тоа го покажавме против Челси. Имавме грешки, но одигравме добар натпревар. Челси не беше слаб, туку ние толку му дозволивме да игра“, кажа Адеми.
Динамо следниот меч го игра на гостински терен на 14 септември, кога ќе игра на „Сан Сиро“ против Милан.