Реал Мадрид е на добар пат да испише историја!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е актуелен европски првак, а сезоната ја почна со осум победи во осум натпревари.

„Кралевите“ на таков начин го израмнија третиот најдобар резултат во историјата за старт на сезона на некој од тимовите.

Реал Мадрид го зирамни рекордот на екипата од 1961/62 кога имаше осум победи по ред.

Шпанскиот првак најдобар почеток на сезона имаше во 1968/69 кога запиша 11 победи по ред, но во моментов делува дека тоа ќе биде урнато.

Реал, сепак, нема да има лесна задача затоа што следен ривал им е Атлетико Мадрид, а потоа играат со Осасуна, па Шахтер и историја би можеле да испишат на гости кај Хетафе.