На Пике му дојде преку глава: Кажа „доста“ и замина од Шакира!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По 12 години љубовна врска и две деца, Жерар Пике и Шакира официјално се разделија, а фудбалерот ги напуштил и последните преговори со атрактивната пејачка.

Пике и Шакира заминале на преговори, но фудбалерот прв ја напуштил зградата, а неговите адвокати наводно се договориле со тие на пејачката.

„Фудбалерот си замина од состанокот на кој требаше да се договорат за старателство за децата. Неговите адвокати направија сè за да се избегне судење“, пишуваат медиумите.

Како што објавија медиумите, Пике реши да ја остави Шакира и да ја замени со многу помлада девојка од неа.