Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам чекал повеќе од 12 часа за да ѝ оддаде почит на починатата кралица Елизабета.
Бекам кажа дека дошол многу рано за да ја избегне гужвата, но сепак не успеал.
„Ова е тешко за цела нација. Мислам дека сите тоа го чувствуваат и нашите мисли се со кралското семејство“, кажа Бекам.
Неколку стотици Британци до понеделник ќе може да се соберат покрај ковчегот на кралицата Елизабета и да ѝ оддадат почит.
Кралицата почина на 8 септември на нејзина 96-годишна возраст.