Тен Хаг ќе добие 100 милиони евра во јануари, а веќе знае каде ќе ги потроши!?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед пред почетокот на сезоната го избра Ерик Тен Хаг за нов тренер, а потоа ангажира неколку засилувања, а тоа се Касемиро, Ериксен, Мартинез и Антони.

Сепак, тоа нема да биде крајот на засилувања за премиерлигашот, па така раководството планира да потроши уште 100 милиони евра во јануари.

Тен Хаг ќе добие 100 милиони евра за трансфери, а веќе е познато каде ќе ги потроши, односно направил листа со потенцијални засилувања.

Холандскиот стратег планира да ги троши парите на десен бек, играч за врска и напаѓач, но засега не се споменуваат имиња на фудбалери кои може да го засилат гигантот од Манчестер.