Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид вечерва играат големо дерби, а мечот се наоѓа во центар на внимание поради Винисиус Жуниор.
Бразилецот игра во одличен ритам и стана еден од најдобрите фудбалери на шпанскиот гигант, па уште еднаш покажа зошто клубот го купи пред неколку години.
Винисиус е во центар на внимание поради тоа што беше навредуван од претседателот на Здружението на шпански агенти, Педро Кастро, кој кажа дека Бразилецот игра како мајмун.
Водителот на програмата веднаш го прекина Кастро и му кажа дека не може така да ги нарекува луѓето и го предупреди да не повторува слични работи.
Тоа е дополнителен мотив за Винисиус да ги замолчи сите и тоа го покажа на тренинг, кога повторно почна да танцува.
Il s’entraîne déjà pour demain.😂pic.twitter.com/uHjx0pib3J
— Real Madrid 🇫🇷 (@RMadridFrance_) September 17, 2022