Трагедија во Швајцарија: Фудбалер почина на 34-годишна возраст!


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Швајцарскиот фудбалер Никола Шинделхолц имаше само 34 години и почина од рак на белите дробови, а веста ја потврди неговиот поранешен клуб Базел.

Гигантот преку својата официјална страна објави дека Шинделхолц го загубил животот.

„Базел тагува поради загубата на Шинделхолц. Нашиот поранешен капитен до 21 година почина од рак на само 34 години. Изненадени сме со оваа вест и изразуваме сочуство на семејството и пријателите. Почивај во мир, Нико“, објавија од клубот.

Веста за тешката болест ја дозна во 2020 година, а една година подоцна реши да ја заврши фудбалската кариера, по што не успеа да се излекува.