Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го презема првото место на АТП-листата, откако го освои Ју-Ес Опен по победата против Каспер Руд.
Алкараз се прослави со победата во САД, а во разговор со медиумите призна дека тоа му донело голема популарност кај дамите, кои му испраќале различни пораки.
„Откако станав најдобар во свет, почнав да добивам непристојни пораки на Инстаграм. Многу жени сакаат да спијат со мене“, вели Алкараз.
Шпанецот, исто така, кажа дека никогаш не би се согласил Роџер Федерер да му стане тренер затоа што му е лојален на неговиот ментор Хуан Карлос.