Роналдо си оди од Јунајтед и се сели во голем ривал во Премиерлигата!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот Ерик Тен Хаг не му даде шанса на Кристијано Роналдо во мечот против Манчестер сити, кој го загуби Манчестер јунајтед со 3-6, а тоа предизвика нови проблеми на „Олд Трафорд“.

Тен Хаг инсистира дека ќе најде место за Роналдо и ќе му даде шанса, но тоа остана само на зборови и ситуацијата е поразлична на теренот.

Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед најверојатно ќе го пушти Роналдо да замине уште во јануари, а целата ситуација ја следи Челси.

Роналдо беше на праг до преселба во Челси минатото лето, но поранешниот тренер Томас Тухел го запрел трансферот и поради тоа газдата Тод Боели му се налути.

Меѓутоа, Германецот повеќе не е на кормилото, па отворен му е патот на Боели во намерата да го ангажира Португалецот.