Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украина сака да се кандидира и да биде еден од домаќините на Светското првенство (СП) во 2030 година, откако претходно заедничка кандидатура објавија Шпанија и Португалија.
Британските медиуми пишуваат дека првиот човек на државата, Володимир Зеленски е согласен со идејата на Фудбалскиот сојуз.
Украина би можела да биде организатор на натпреварите од една група на турнирот, додека останатите ќе се играат во Шпанија и Португалија.
Ситуацијата во моментов во Украина е критична затоа што се води војна против Русија, меѓутоа до 2030 година се очекува сè да биде стабилизирано и да владее мир во тој регион.