Крај на една богата кариера: Рибери оди во пензија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери реши да ја заврши кариерата, иако сè уште има договор со Салернитана, кој ќе биде прекинат предвреме.

Овој 39-годишен фудбалер блесна во редовите на Олимпик Марсеј, по што се пресели во Баерн Минхен каде што ги помина најдобрите денови и освои сè што можеше да се освои.

Рибери потоа се пресели во Италија, каде што најпрво го облече дресот на Фиорентина, а потоа се пресели во Салернитана.

Французинот ќе остане запаметен и по неговиот белег на лицето, а за репрезентацијата одигра дури 81 натпревар.