Се „тресе“ Шпанија: Првиот човек на федерацијата кажал кои екипи ги мрази од Ла Лига!

Голем скандал го стресе шпанскиот фудбал, откако медиумите објавија дека првиот човек на федерацијата, Луис Рубиалес кажал дека мрази три екипи.

„Ел Конфиденсијал“ објави пораки од Рубиалес и неговиот татко на „ВацАп“ во кои ги пишува и имињата на шпанските екипи кои се омразени за претседателот на федерацијата.

Магазинот објави дека Рубиалес ги мрази Вилјареа, Севилја и Валенсија, како што имаше наведено во неговата порака до татко му.

Ова предизвика жестока реакција од шпанската јавност, но и од споменатите тимови, кои побараа јавно извинување од страна на Рубиалес.