„Ле Паризиен“ објави нови информации за иднината на Мбапе

Килијан Мбапе најверојатно ја игра својата последна сезона во дресот на францускиот шампион ПСЖ, пишува француски „Ле Паризиен“.

Новинарите на магазинот пишуваат дека напаѓачот ќе го напушти клубот, а најверојатно следна екипа во кариерата ќе му биде Реал Мадрид.

Сценариото е едноставно, а тоа е напаѓачот да остане оваа зима во Париз, по што шест месеци подоцна ќе го напушти „Паркот на принцовите“.

Освен ако ПСЖ не направи нешто посебно и го задржи уште една година, но тогаш би можеле да го загубат целосно бесплатно, затоа што Французинот наводно имал клаузула според која решава дали да замине во јуни 2024 година.