Нека се плашат дефанзивците во Англија: Лаутаро Мартинез доаѓа во Премиерлигата

„Газета дело Спорт“ објави дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез би можел да ја напушти „Џузепе Меаца“, по што наводно ќе се пресели во англиската Премиерлига.

Лаутаро долго време е желба на европските гиганти, но засега остануваше во Интер, иако тоа би можело да се промени наскоро, а доказ за тоа се скаутите на Манчестер јунајтед.

Истите биле забележани на натпреварите на Интер, а веќе контакти меѓу клубот и фудбалерот биле воспоставени, па така Лаутаро по Мундијалот во Катар би можел да потпише за „ѓаволите“.

Овој 25-годишен фудбалер има договор со Интер до 2026 година и деталите од потенцијален трансфер во Премиерлигата не се познати.

Мартинез се споменува како решение за нападот на тренерот Ерик Тен Хаг, кој сè помалку смета на Кристијано Роналдо.