Роналдо заврши дури на 20-то место во изборот за „Златна топка“


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо заврши на 20-то место во изборот за престижната награда „Златна топка“ и тоа дефинитивно е негов најслаб пласман.

Роналдо имаше ужасна сезона со Манчестер јунајтед и беше далеку од конкуренцијата, па затоа го освои 20. место, но и покрај тоа е подобар од Лионел Меси.

Меси годинава не доби ниту номинација за „Златната топка“ која ја освои седум пати во неговата кариера.