Реал Мадрид ги објави деталите: Перез итно опериран!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се соочувал со сериозни здравствени проблеми поради кои утрово завршил на операција

Од клубот соопштија дека Перез имал проблеми со белите дробови, а истите биле решени со хируршка интервенција која била извршена утрово во 11.30 часот во Шпанија.

Перез не се наоѓа во животна опасност и докторите му кажале дека мора да одмори неколку дена по операцијата, а потоа ќе биде способен да се врати на редовните обврски.