Суперкомпјутерот предвиде кој ќе го освои Мундијалот во Катар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За три недели почнува Мундијалот во Катар, а како и секогаш, пред стартот Суперкомпјутерот предвиде кој ќе стане светски шампион.

Суперкомпјутерот предвиде дека во финалето на Светското првенство (СП) ќе играат Аргентина и Португалија, а на крајот ќе слават „гаучосите“.

Оваа прогноза треба да го израдува Лионел Меси кој има шанса конечно да стигне до големиот трофеј, и тоа преку вечниот ривал Кристијано Роналдо.

„Ако сакаме да веруваме на вештачка интелигенција, која користеше податоци за сите репрезентации, тогаш Аргентина со нетрпение го очекува Мундијалот во Катар“, велат од агенцијата „БЦА рисрч“.