Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона потроши над 160 милиони евра летово на засилувања и ангажира неколку квалитетни фудбалери, но ниту тоа не му беше доволно на тренерот Чави Ернандез да избори осминафинале во Лигата на шампиони.
Барселона му верува на Чави, но медиумите пишуваат дека на легендарниот фудбалер му се тресе столчето и наскоро би можел да добие отказ.
Како можни наследници на Чави се споменуваат Луис Енрике, кој е актуелен селектор на Шпанија, а во минатото ја тренираше и Барселона од 2014 до 2017 година.
Во потесниот избор за нов тренер се споменува и Томас Тухел, кој го напушти Челси по лошите резултати на почетокот на сезоната.