Мартинез пронајде замена за Лукаку, ова никој не го очекуваше


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Белгија во понеделник ќе им гостува на репрезентацијата на Гибралтар, и сосема сигурно ќе ја запише и третата победа во квалификациите за Светското првенство.

    Белгијанците во петокот во Бризел ја декласираа репрезентацијата на БиХ со 4:0, а во тој натпревар се повреди и Џордан Лукаку.

    Левиот бек на „црвените ѓаволи“ мораше да го напушти теренот, а сега му следува и неколку недели одмор. Така, селекторот Роберто Мартинез се одлучи наместо него за мечот против Гибралтар да го повика Себастијан Покоњоли, 29-годишниот лев бек, кој последен пат го носеше националниот дрес во ноември, 2014. година.

    Она што е интересно е тоа што Покоњоли за ВБА во година и пол дена одигра само пет натпревари, а за новиот клуб Брајтон запиша два настапи.