Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид ќе мора да најде начин како да го совлада Рајо Валјекано без својот најдобар напаѓач Карим Бензема.
Бензема има проблеми со повреда на бутот, поради што мора да паузира, па тренерот Карло Анчелоти реши да го одмори против Рајо.
Французинот оваа сезона неколку пати се соочуваше со проблеми и не можеше да врзе неколку натпревари по ред, а тоа предизвикува загриженост во составот на Франција.
„Бензема нема да игра со Рајо затоа што не се чувствува најдобро. Во петокот тренираше и сè изгледаше добро, а потоа се појавија проблеми и нема да биде достапен за натпреварот“, вели Анчелоти.