Наполи добил понуда за Елмас!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол против Аталанта и така донесе три бода за Наполи, откако во претходниот период не добиваше голема минутажа.

Италијанскиот новинар, Чиро Венерто објави дека за услугите на Елмас постоел интерес од старна на Бенфика, која испратила официјална понуда до Неапол.

Бенфика испратила понуда меѓу 15 и 18 милиони евра, но Наполи ја одбил затоа што смета на услугите на Елмас.

„Наполи добил официјална понуда од Бенфика за Елмас. Според информациите, понудата е меѓу 15 и 18 милиони евра, ми потврдија и од клубот“, кажа Венерто.

Елмас претходно го засили Наполи за 16 милиони евра од Фенербахче.