Епилог по тепачката во Чаир: Шкендија оди во полуфинале на Купот! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска грозни сцени беа забележани во Чаир на дербито меѓу Шкупи и Шкендија, кога домашните навивачи ги нападнаа гостинските фудбалери, па мораа да интервенираат и специјалните единици.

Шверцери влегоа на теренот и ги нападнаа тетовци, откако тие постигнаа гол за водство во дербито против Шкупи, а тоа резултираше во хаос при кој се користеа различни предмети.

Натпреварот беше прекинат затоа што немаше услови да се доигра, по што следеше состанок на Судиската комисија и победата ѝ беше доделена на Шкендија (3-0).

Шкендија се пласира во полуфинале на Купот на Македонија, каде што претходно место обезбедија Струга Трим Лум, Македонија ЃП и Силекс.