Роналдо го чека пекол: „Ѓаволите“ се јавија со второ соопштение!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед повторно реагираше по контроверзното интервју на Кристијано Роналдо со водителот Пирс Морган.

„Ѓаволите“ во соопштението реагираа поради коментарите на Роналдо кон структурите на клубот, односно раководството, тренерот и колегите.

„Манчестер јунајтед утрово почна со конкретни чекори по коментарите на Роналдо во неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо. Нема да даваме дополнителни информации во јавност додека не заврши процесот“, соопштија од тимот.

„Ѓаволите“ наводно планираат да го казнат Португалецот со милиони фунти, а постои можност и да му биде прекинат договорот.