„Роналдо знаеше што ќе се случи по интервјуто и – задоволен е!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кристијано Роналдо со бомбастично интервју предизвика големи реакции во јавноста, но и активност од Манчестер јунајтед кој планира да го казни со милион фунти, а се шпекулира и дека постои можност да му го раскине договорот.

Португалецот намерно побарал интервју со Пирс Морган, кој открива дека Роналдо ја постигнал посакуваната реакција.

„Роналдо е задоволен од реакциите во јавноста. Тој знаеше што ќе се случи. Кристијано не прави ништо без претходно да има план. Неговото фудбалско наследство не зависи од неколку месеци под водство на тренер кој не го почитува. Роналдо е најдобар во историјата, а тоа ќе го покаже и на Мундијалот“, кажа Морган.