Јунајтед сака да го „избрише“ Роналдо, а тоа го покажа со последниот потег


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо очигледно го одигра последниот натпревар за Манчестер јунајтед и ќе си бара нов клуб во јануари поради контроверзното интервју кое го имаше со Пирс Морган.

Додека некои се среќни затоа што Роналдо конечно ја кажал вистината, сепак другите го критикуваат и сметаат дека требало да остане на страна на клубот.

Во секој случај, на аукција бил продаден дресот на Роналдо од последниот меч против Астон вила за 39.000 фунти, а среќникот кој го купил е еден Кинез.

Роналдо ќе игра за Португалија на Мундијалот во Катар, а по враќањето од Светското првенство ќе треба да си бара нов тим.