Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев ов интервју за „Спортклуб“ кажа дека ќе навива за Србија и Хрватска на Светското првенство во Катар.
Панчев кажа дека секогаш ќе им дава поддршка на екс-Ју државите.
„Секако дека ќе навивам за Србија и за Хрватска. Ќе навивав и за Словенија, Црна Гора, БиХ, но и за Македонија ако играа на Мундијалот. Немам јас никаква врска со Сенегал, Америка и останатите… Уште во финале да играат Србија и Хрватска, тоа ќе биде лудило“, кажа Панчев.
Хрватска е во групата Ф со Белгија, Канада и Мороко, додека Србија е во групата Г со Бразил, Камерун и Швајцарија.