Челси ќе избрка тројца фудбалери: Милан го собира „отпадот“ од Лондон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британски „Сан“ објави дека премиерлигашот Челси планира во јануари да направи нов ремонт на екипата и да се ослободи од непотребните фудбалери, а Милан би можел да ангажира тројца од нив.

Италијанскиот гигант во претходните години ги ангажираше Фикајо Томори, Оливие Жиру и Тимуе Бакајоко и други играчи од Челси, а сега би можел да ги земе и Рубен Лофтус-Чик, Хаким Зијех и Кристијан Пулишиќ.

Челси би можел да ги искористи овие тројца „отпишани“ фудбалери во преговорите со Милан за португалскиот талент Рафаел Леао за кој веќе долго време покажува интерес.

„Сините“ сакаат да го ангажираат Леао, кој има договор со Милан до јуни 2024 година.