Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразил славеше со 2-0 против Србија и направи чекор кон осминафинале на Мундијалот во Катар, но на следните два меча во групната фаза не може да смета на Нејмар кој се повреди.
Нејмар нема да му биде на располагање на селекторот Тите на следните два натпревари, но се очекува да заигра во нокаут-фазата. Меѓутоа, тоа што е чудно се критиките од страна на бразилските навивачи кон ѕвездата на ПСЖ.
„Во Аргентина Меси го третираат како Бог, Роналдо е крал за Португалците, а тука кај нас го навредуваат Нејмар и му посакуваат да скрши нога. Оваа земја не го заслужува неговиот талент и квалитет“, кажа Рафиња.
Бразил следниот дуел го игра в понеделник против Швајцарија.