Роналдо ја доби првата понуда и таа вреди – 216 милиони евра


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кристијано Роналдо го прекина договорот со Манчестер јунајтед по контроверзното интервју кое го имаше со Пирс Морган, па сега е во потрага по нов клуб.

Првата понуда за Роналдо пристигна од Саудиска Арабија и таа е вредна неверојатни 216 милиони евра за тригодишна соработка.

Роналдо долго време сакаше да го напушти „Олд Трафорд“ и конечно му се оствари желбата, но сега почнува потрагата по идеална дестинација за него.

„Си-Би-Си“ објави дека Роналдо ја добил првата понуда од 216 милиони евра, но засега не е сигурен дека сака да се пресели во С. Арабија и ќе почека уште некое време за да пристигнат понуди од европските клубови.