Џака ги збесна Србите со контроверзен дрес, па кажа дека тоа било за македонски фудбалер (Фото)

Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Гранит Џака направи неколку инциденти на мечот против Србија (3-2), па за малку во еден момент ќе избиеше и тепачка на теренот.

По крајот на натпреварот, Џака облече дрес на кој пишуваше Јашари, а Србите веднаш го поврзаа со Адем Јашари кој е основач на терористичката формација за ослободителната војска на Косово (ОВК).

Меѓутоа, Џака по натпреварот објасни дека тоа го направил поради соиграч од репрезентацијата, Арден Јашари кој е Албанец и има македонски корени.

„Не мислев никого да провоцирам. Јас му дадов поддршка на младиот фудбалер од репрезентацијата“, кажа Џака.