Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србија беше елиминирана од Мундијалот во Катар по поразот од Швајцарија (2-3), но и да победеше немаше да помине понатаму поради триумфот на Камерун против Бразил (1-0).
На дуелот меѓу Србија и Швајцарија имаше многу тензии, а Гранит Џака за малку ќе предизвикаше и тепачка на натпреварот, по провокациите кон Србите.
Џака по мечот се појави со дрес на кој пишуваше Јашари, а сите помислија на припадникот на ОВК, Адам Јашари, но сепак тој објасни дека станува збор за негов соиграч.
Швајцарскиот репрезентативец планирал да го покаже дресот доколку постигнел гол против Србија, а тоа можеше да предизвика „војна“ бидејќи на прв поглед делуваше дека има политичка позадина неговата порака.