Винисиус испрати порака до Пеле по победата на Бразил


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор игра одлично на Мундијалот во Катар, а синоќа со гол помогна во победата од 4-1 против Јужна Кореја.

Винисиус му ја посвети победата на легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој е хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајт“ во Сао Паоло.

„Сакам да му испратам позар на Пеле. Оваа победа против Ј. Кореја беше само за него. Се надевам дека сè ќе биде во ред и дека ќе се извлече од ситуацијата“, кажа Винисиус.